Видео инсталација на Robert Sochacki ќе ги осветли скопските улици

Преку неговото дело, Роберт ќе ја истакне централната тема на фестивалот, видливоста—осигурувајќи дека приказните на заедницата не само што се видливи, туку и се слават со пошироката сцена

Комшилоок оваа сабота,ќ го најавува Robert Sochacki, визуелен уметник од Полска, кој ќе претстави видео инсталација инспирирана од неговиот престој и поминато време поминато на улицата Волт Дизни во населбата Шутка.

Во времето поминато со неговото семејство таму, Роберт заедно со неговата сопруга @wera.morawiew и деца, ги запозна жителите —разговарајќи со нив на мешавина од македонски, ромски англиски, полски и германски јазик играјќи фудбал со нив на улицата и восхитувајќи се на цртежите направени од децата жители.

Една незаборавна сцена го фати вниманието на Роберт – едно младо девојче во цветен фустан, занесена во својата игра, радосно трчајќи по улицата, додека нејзиниот татко и баба ја набљудуваа од далеку.

Оваа сцена, полна со слобода, радост и љубопитност, остави впечаток на Роберт, фаќајќи го духот на најмладите членови на улицата. Тоа е духот на отвореност и поврзаност што видео инсталацијата на Роберт ќе го прикаже – соништена атмосфера која ги повикува возрасните да мечтаат барем за момент.

Преку неговото дело, Роберт ќе ја истакне централната тема на фестивалот, видливоста—осигурувајќи дека приказните на заедницата не само што се видливи, туку и се слават со пошироката сцена и дека духот и радоста на оваа заедница се ставени под рефлекторите, рушејќи ги сите бариери на невидливост и правејќи ја нивната присутност забележлива.

Инсталацијата ќе биде поставена оваа сабота во 18:00 часот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни