(ВИДЕО) Игор Џамбазов ја пее „Ако утре ме нема“ од ДНК: Доказ за бесмисленоста на животот

Шоуменот Игор Џамбазов на социјалните мрежи објави црно-бело видео како ја пее песната „Ако утре ме нема“ од ДНК.

„Песнава ме прогонува. Со денови наназад, ми дише во врат. Како потстанар да ми е во мозокот. Како краста што не зараснува. Како доказ за бесмисленоста на животот. Како опомена за идните генерации. Почивајте во мир деца наши…“ напиша Џамбазов.

„Ако утре ме нема“ е песна од ДНК и Оркестарот на Џамбо Агушев снимена во 2022 година, која беше хит и бендот ја изведуваше на нивните концерти и настапи.


Пејачот на бендот ДНК, Андреј почина во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ минатата сабота, додека неговиот колега Панчо е во болница и се опоравува од здобиените повреди.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни