Хеликоптер се урнал денес во морето во близина на пристаништето Вулијагмени, недалеку од грчката престолнина Атина.
Според првичните информации, хеликоптерот слетал на хелиодромот во марината, а потоа се обидел повторно да полета. Сепак, само неколку секунди по полетувањето, одеднаш се урнал од сè уште непозната причина.
Според Националниот центар за итна помош, сите пет патници биле спасени по уривањето, а четири од нив се здобиле со полесни повреди. Повредените биле префрлени во болница.
Πτώση ση ελικοπτέρου στη Βουλιαγμένη.
— v e l o c i t y (@krok7517100) June 15, 2025
Η στιγμή που ελικόπτερο με πέντε άτομα πέφτει στη θάλασσα στη Βουλιαγμένη.https://t.co/mBRWu4R6jF pic.twitter.com/NPMjBfGNfr
Брод на крајбрежната стража веднаш се упатил на местото на настанот, поддржан со копнени тимови за итни случаи, а властите веднаш почнаа истрага за причина на несреќата.