Видео: Хаос во Франција, државата е блокирана, судири со полицијата, над 100 уапсени лица

На неколку локации во Париз и Лион, запалени автомобили и скршени се излози на локални продавници, јавуваат француските медиуми

Во Франција од рано изутрина се одвива генерален штрајк и масовни протести во најголем дел од градовите.

Затворени се аеродроми, училишта, болници а стотици илјади граѓани мешу кои и ученици, студенти, работници, пениознери се на улиците низ Париз, Марсеј, Нант…

На неколку локации во Париз и Лион, запалени автомобили и скршени се излози на локални продавници, јавуваат француските медиуми

Француското Министерство за внатрешни работи објави дека се регистрирани 99 апсења низ целата земја, а според најновите информации од „Фигаро“, во Париз се регистрирани уште 15 апсења на демонстрациите.

Зошто Французите излегоа на улиците?

Франција моментално се соочува со бран штрајкови и протести низ целата земја. Причината е нацрт-националниот буџет за 2026 година, кој властите го претставуваат како неопходен чекор за намалување на растечкиот јавен долг, додека синдикатите и граѓаните го сметаат за хорор-шоу и напад врз социјалните права.

Планот на владата вклучува значително намалување на јавните трошоци, што би можело да влијае врз здравството, образованието и транспортот. Покрај тоа, пензиските реформи и евентуалното одложување на пензионирањето предизвикаа дополнително незадоволство.

Синдикалните федерации бараат поголем товар да го носат побогатите граѓани и големите корпорации и предупредуваат на растечката социјална нееднаквост и падот на куповната моќ. Според нив, буџетот најтешко ќе ги погоди оние со пониски и средни приходи.

Политичкиот контекст е дополнително провокативен – новиот премиер Себастјан Лекорну ја презема функцијата во време кога кредитните агенции го намалуваат рејтингот на Франција, а Брисел бара буџетскиот дефицит да се врати во дозволените граници.

Во таква атмосфера на незадоволство, синдикатите повикаа на масовни протести и штрајкови, а проценките сугерираат дека на улиците би можеле да излезат до 900.000 луѓе.

Повредени новинари, полицајци, демонтранти

Префектурата на департманот Рона потврди дека во Лион се повредени еден новинар, еден демонстрант и еден полицаец. Според локалните медиуми, еден член на CRS бил застрелан и повреден во устата.

Префектурата наведува дека полицаецот и новинарот биле згрижени, додека демонстрантот бил однесен со возило на брза помош.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни