Фудбалската репрезентација на Србија доживеа дебакл на домашен терен од репрезентацијата на Англија од која прими пет гола.
Но покрај на теренот, уште пожесток беше поразот на трибините, каде светската спортска јавност беше шокирана од случувањата меѓу домашните навивачи.
Огромен дел од публиката скандираше пораки за поддршка на студентските протести, како „Ко не скаче, тај е чаци“ како и навреди упатени кон претседателот на државата Александар Вучиќ.
На таквите скандирања, регаираше организиран група насилнииц облечени во црно, кои ги напаѓаа луѓето што скандираа.
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како насилниците огранизирано напаѓаат, мали деца како се кријат зад своите родители и редари и полицајци кои безуспешно се обидуваат да раздвојуваат.
Српската јавност е револтирана и од селекторот Драган Стојковиќ Пикси за кого сметаат дека е неуспешен стратег, а на клупата на репрезентацијата е само затоа што имал поддршка од владејачката партија.
Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ги послуша навивачите кои од него бараат оставка, Пикси рече дека секој имал право да зборува што сака.