Мечот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Флавиј Коболи во четвртфиналето на Вимблдон, очигледно не беше мошне интересен за британскиот актер Хју Грант
64-годишниот актер им се придружи на бројни познати личности на трибините за време на натпреварот помеѓу Ѓоковиќ и Коболи.
Камерата на Би-Би-Си го сними моментот кога Хју кратко дремна – само неколку минути откако разговараше со кралицата Камила. Гледачите беа воодушевени кога го видоа на екранот.
Секако, снимката од Хју Грант како спие брзо стана вирална на X, а шегите едноставно не престануваат.
Еден корисник напиша дека Грант ја имал „Најскапата дремка во историјата“ алудирајќи на високата цена на билетот за секторот каде се ноаѓаше тој.
Вимблдон продолжува и денес со мечевите на женските полуфиналиња, а дали Грант повторно ќе дојде да дремне, останува да видиме.