Обилни врнежи предизвикаа катастрофални поплави долж источниот брег на Австралија, особено погодувајќи мали градови околу 250 километри северно од Сиднеј. Многу жители беа принудени да се засолнат на покривите на своите домови, од каде беа евакуирани со хеликоптери и чамци.
Најтешко погодени се градовите Тари во винската област Хантер Вали и Вингем на Средниот Северен брег. Австралиската телевизија ABC извести за „поплави од невидени размери“, проследени со силен ветер, ниски температури и драматични сцени на спасување.
🇦🇺 | Taree, NSW is facing catastrophic flooding as the Manning River exceeds its 1929 record, rising rapidly after extreme overnight rainfall.
— RenderNature (@RenderNature) May 21, 2025
Air rescues, road closures, and mass evacuations are underway as emergency crews work to reach stranded residents. (May 21, 2025) pic.twitter.com/22PlNdIO5W
Спасувачките екипи работеа без престан
Околу 1600 припадници на итните служби беа распоредени на терен, помагајќи во евакуацијата и спасувањето на луѓето. Некои жители поминале повеќе од 12 часа на покривите, опкружени со надојдена и валкана поплавна вода.
Рекорден водостој
Реката Менинг достигна рекордна височина од над 6 метри, што е повеќе од претходниот максимум измерен во 1929 година. Властите предупредуваат дека нивото на реката може дополнително да се зголеми поради продолжените врнежи.
Затворени училишта и прекини во струјата
Над 80 училишта останаа затворени, а регионот се соочува и со прекини во снабдувањето со електрична енергија. Метеоролозите предвидуваат нови обилни врнежи до петок, а метеоролошката служба издаде предупредувања за животно загрозувачки поплави во повеќе области.