(Видео) Брод удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени

Морнарицата соопшти дека бројот на повредени лица е 22, од кои 19 се на лекување во болница, се наведува во нивната објава на X

Брод за обука на мексиканската морнарица вчера се удри во Бруклинскиот мост во Њујорк, пo што загинаа најмалку две лица, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс.

Адамс рече дека на бродот во времето на несреќата имало 277 лица, а 19 биле повредени. Од нив, двајца остануваат во „критична состојба“, а двајца „за жал починаа од повредите“, напиша Адамс на X.

Морнарицата соопшти дека бројот на повредени лица е 22, од кои 19 се на лекување во болница, се наведува во нивната објава на X.

Морнарицата додава дека никој од бродот не паднал во вода заради ударот во мостот.

Бродот „Куаутемок“ е оштетен во несреќата, додаде морнарицата.

Бродот бил во Њујорк на промотивна посета и бил на пат кон Исланд кога се случил судирот, соопшти полицијата на прес-конференција.

Шефот на полицијата Вилсон Арамболес изјави дека првичните информации за причината за судирот укажуваат на механички проблем.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни