Бојаровски: Да се разобличат оние кои тргуваат со очајот продавајќи “молитви во тегла”

Бојаровски се осврна на случајот со продажба на молитви во тегла на блиски роднини на загинатите и повредените од пожарот во Кочани.

Во интервју за емисијата „Што има ново“ на Институтот за медиуми и аналитика, долгодишниот новинар и уредник на Рацин.мк зборуваше за состојбата со медиумите и новинарството, но и за актуелни случувања од јавниот интерес.

Во интервјуто Бојаровски се осврна и на запрепстувачкиот случај со продажба на молитви во тегла на блиски роднини на загинатите и повредените од пожарот во Кочани.

Според Бојаровски одговорност на медиумите е да укажат и предупредат на вакви измами

„Таа ситуација за жал ја злоупотребуваат овие трговци со очај кои ги злоупотребуваат овие ситуации за да продадат нешто што се вика замислете „молитва во тегла“. Одговорноста на медиумите е да откријат, да укажат и да покажат со прст колку е тоа опасно за тие граѓани, колку е тоа злоупотреба на таа трагедија, на тој очај во кој се наоѓаат и на ситуација на безнадежност и во потрага на утеха со која се соочуваат тие граѓани. Медиумите се должни да им кажат дека тоа е погрешно“ вели Бојаровски.

Инаку, минатата недела од струмичката епархија на МПЦ-ОА информираа дека во полиција пријавиле случај на измама преку која лица продавале „молитви во тегла“ на роднини и пријатели на загинати од пожарот во Кочани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни