(Видео): Авион на “Delta Airlines”се преврте при слетување на аеродром во Торонто, десетина патници повредени

Според извори на агенцијата Ројтерс, засега не се познати околностите за инцидентот.

Авион на компанијата “Delta Airlines” на лет 4819, кој полетал од Минеполис, доживеал несреќа при слетувањето на аеродром Пирсон во Торонто во понеделникот. Извештаите на локалните медиуми пренесуваат дека најмалку осум лица се повредени, пренесува BBC.

Фотографии на социјалните мрежи покажуваат дека авионот се превртел наопаку во снегот.
„Изгледа дека поголемиот дел од патниците се надвор и не се повредени, но сè уште сме на местото на настанот и истражуваме“, изјавил полицаец од регионалната полиција во Онтарио.

Според извори на агенцијата Ројтерс, засега не се познати околностите за инцидентот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни