(Видео) 10 загинати во нападот во Грац, убиецот пукал со пиштол и пушка

Идентитетот на напаѓачот не е објавен, но австриските медиуми јавуваат дека станува збор за 22-годишен поранешен ученик во истото училиште.

Масовно убиство ја потресе денеска Австрија откако во училиштето „БОРГ“ во Грац се случи масакр, при што загинаа најмалку десет лица вклучувајќи го и напаѓачот.

Според австриските медиуми бројот на ранети е над 20, но тој борј до овој момент не е конечен.

Идентитетот на напаѓачот не е објавен, но австриските медиуми јавуваат дека станува збор за 22-годишен поранешен ученик во истото училиште.

Според инфромациите тој влегол во неговото поранешно училиште со пиштол и пушка што легално ги поседувал.

На социјалните мрежи се споделуваат видеа од нападот и од полициската акција во учичиштето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни