ВИДЕО: Џастин Бибер покажа како изгледаат папараците од негова перспектива

Џастин Бибер сподели со своите следбеници како изгледа средбата со папараците од негова перспектива, а на многумина им беше тешко да останат рамнодушни потоа. Пејачот, кој се здоби со слава на 13-годишна возраст, кога беше откриен од Ашер и воведен во музичката индустрија, со години живее во јавниот фокус.
Фото: Joe Bielawa from MInneapolis, USA, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Во меѓувреме, тој привлече светско внимание, распродаде бројни турнеи, издаваше хит по хит и соработуваше со музички легенди.

Но, славата имаше и своја темна страна. Како тинејџер, тој направи низа грешки што му го нарушија имиџот, но откако се ожени со Хејли Бибер и му се роди нивниот син Џек, неговиот живот конечно се стабилизираше. До неодамна.

Обожавателите сè повеќе изразуваа загриженост за неговото ментално и физичко здравје, особено откако папараците почнаа да објавуваат фотографии на кои Бибер изгледа исцрпено и несреќно. Но, откако пејачот објави папарацо видео на својот Инстаграм профил, на многумина им стана јасно низ што поминува секој ден – и зошто не изгледа среќно на тие фотографии.

Бибер сподели кратко видео на кое се гледа како изгледа неговата реалност – опкружен со камери што го следат на секој чекор. На видеото може да се слушне како Бибер коментира: „Погледнете ги овие момци“, додека обезбедувањето се обидува да го изнесе од зградата на улицата. „Ова мора да престане“, напиша тој во описот на видеото.

И покрај тоа што обезбедувањето го штити од блицовите и ги замолува папараците да се повлечат и да му дадат простор, група мажи со камери постојано се приближуваат, менувајќи ги аглите и туркајќи се за да ја направат најдобрата снимка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни