Никола Јокиќ кој е еден од најдобрите и најплатените кошаркари во светот, својот одмор традционална го минува во Србија и земјите од регионот.
Покрај, рафтингот на Тара, партиите „серва“ низ Војводина, еден од летните ритуали на Јокиќ е и следењето на трките на неговите коњи.
Во неделата, тој уживаше во триумфот на неговиот коњ Арагорн на традиционалната трка во Србобран, мало место во Војводина.
Камерите на телевизијата Арена Спорт го фатија како се потпира на оградата, пие пиво, а потоа воодушевено ја слави победата на Арагорн.
Победата му донесе парична награда во износ од 44.000 динари. Јокиќ има договор со Денвер Нагетс вреден 235 милиони евра.
Според впечатоците на присутните, Јокиќ бил понервозен на хиподромот отколку што вообичаено може да се види за време на НБА натпреварите, а на крајот се израдувал многу повеќе отколку кога со Денвер Нагетс ја освои својата прва НБА титула