(Видео) Јокиќ по елиминацијата на Денвер: „Ќе има многу пиво деновиве“

На прес-конференцијата по мечот, спрскиот центар Никола Јокиќ ги откри плановите за следниот период, откако сезоната за него официјално заврши.

Денвер Нагетс испадна од НБА Плеј офот откако синоќа во седмиот меч беше убедливо поразен од тимот на Оклахома.

На прес-конференцијата по мечот, спрскиот центар Никола Јокиќ ги откри плановите за следниот период, откако сезоната за него официјално заврши.

Запрашан дали ќе настапи на Евробаскетот, Јокиќ рече дека морал да размисли во наредниот период.

„Морам да размислам и да одлучам, да зборувам со тренерите и главните играчи и ќе видиме. Но од денес па во наредните неколку денови, најверојатно ќе има многу пиво“ порача Јокиќ.

Европското првенство се игра од 27 август до 14 септември, а селекцијата на Србија важи за еден од главните конкуренти за освојување на златниот медал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни