Вибер може да ви каже кој ви ѕвони од непознат број

Вибер ја овозможи опцијата „Caller ID“ со помош на која корисниците може да идентификуваат кој ги повикува од телефонски број кој го немаат во својот именик.

Покрај идентитетот, корисниците ќе може да дознаат и дали се работи за спам или несакан повик.

За да се активира оваа опција треба да ја отворите апликацијата, во делот за поставки да изберете „Повици и пораки“ и таму да ја означите опцијата „Caller ID“, по што таа ќе биде спремна за употреба.

Оваа опција функционира за броевите кои имаат активен Вибер профил и засега е достапна само за телефоните со Андроид оперативен систем.

Извор: N1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни