Тресењето во зима може да биде прашање на психата, но почесто тоа е сигнал за слаб проток на крв или слаба циркулација. Овој проблем е особено непријатен во зима, бидејќи е уште поинтензивен, па луѓето бараат различни начини за загревање за, како што вели народот, крвта да „протече“ низ телото.
Што помага да се подобри циркулацијата
Повеќето луѓе не знаат дека проблемот со слабата циркулација може во добра мерка да се реши со практикување на неколку вежби кои не одземаат повеќе од петнаесет минути дневно. Ако ги правите редовно наутро и навечер по десет минути, ефектите ќе бидат брзо забележливи и дури ќе можете да уживате во студеното време.
Едноставно, овие вежби во буквална смисла претставуваат „гимнастика“ за крвните садови, што ќе им помогне да бидат поеластични, пофлексибилни, полесно да се стеснуваат и прошируваат. Одберете ги оние кои ќе можете редовно да ги извршувате, а влијанието врз општото здравје ќе биде неверојатно.
Кои се најефективните вежби за овие проблеми
Најефективните вежби за слаба циркулација, кои го намалуваат чувството на смрзнување во зима, се:
истегнување
склекови
пливање или вежби во вода
возење велосипед
акупресура на одредени точки на телото.
Секоја од овие активности ќе ја подобри циркулацијата и телото ќе биде во подобра форма, состојба и мускулен тонус.
Извор: eklinika.telegraf.rs