Кегеловите вежби не се единствените начини на кои можете да го подобрите вашиот сексуален живот. Постојат бројни вежби кои ќе ви помогнат да го обликувате вашето тело, но и да го подобрите вашиот сексуален живот.
Вежбањето три до четири пати неделно може да направи многу за вашите сексуални техники, флексибилност и издржливост, но кои видови на вежбање се најдобри за подобар секс?
Три најдобри „секс вежби“:
Повлекување на колковите
Ова движење ја подобрува подвижноста на колкот и го зголемува вашиот капацитет. Легнете со лицето нагоре на подот. Свиткајте ги нозете во колената и почнете да ги кревате колковите така што телото ќе формира права линија од рамената до колковите. Сега затегнете го задникот 10 секунди, а потоа спуштете ги колковите, но внимавајте да не го допирате подот. Повторете ја вежбата 12 пати.
Вежбајте доближени до ѕид
Оваа вежба создава дополнителна сила која ќе ви овозможи подолго да држите „секс“ поза. Потпрете се на ѕидот, а стапалата нека ви бидат оддалечени околу 60 см. Свиткајте ги колената на 90 степени и поставете ги рацете директно пред вас. Држете така 60 секунди. Лесно? Ставете нешто тешко во скутот.
Подигнување на нозете
Со редовно практикување на оваа вежба можете да постигнете интензивни оргазми. Легнете со лицето нагоре, раширете ги рацете со дланките свртени нагоре. Почнете да ги кревате нозете нагоре за 90 степени. Потоа спуштете ги надолу, но внимавајте да не го допираат подот. Потоа повторно. Повторете ја вежбата 10 пати.
Совет: држете ги стапалата цврсто споени и колената благо свиткани.