Вевчани со рециклирана пластика до иновации

„Собери, рециклирај, креирај – од рециклирана пластика до иновација“ е насловен проектот што од 1 септември годинава до крајот на август идната година во Вевчани ќе го реализираат Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест, во партнерство со јавното комунално претпријатие „Еремја”.

Проектот во вредност од 47.993 долари, како што соопшто Еко свест, ќе се одвива на територијата на општина Вевчани и Споменикот на природата Вевчански извори, со финансиска поддршка од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) во Северна Македонија.

Целта, според информацијата, е да го унапреди управувањето со отпадот од пластика и други цврсти материјали преку едукација и промовирање на иновативни практики на кружна економија за користење на отпадот како ресурс на територијата на општина Вевчани.

Со проектот предвидено е подобрување на инфраструктурата и механизацијата за собирање и третман на отпад од пластика, воведување на 3Д печатењето како начин за рециклирање и реупотреба на отпадот од пластика и нформирање и едукација на локалното население во општина Вевчани за правилно селектирање и рециклирање на отпад од пластика.

Преку спроведувањето на проектот, Еко-свест посочува дека локалната заедница освен инфраструктурните придобивки како канти за отпадоци и кафези за селекција на отпад, ќе има можност активно да се вклучи во селекцијата и рецикирањето на отпад како и едукативни активности кои прикажуваат кои се предностите на рециклирањето на пластика и можностите за нејзина реупотреба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни