ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари

Центарот за управување со кризи инфомира дека поради ветер кој го зафати подрчјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари.

Во Скопскиот регион пожари се пријавени помеѓу Индустриска Зона Бунарџик и рафинерија Окта.

Во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во село Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане и Стрновац. 

Од ЦУК информираа дека денеска до 13:30 часот, регистрирани се вкупно 4 пожари на отворен простор, и сите се активни.

АКТИВНИ ПОЖАРИ:

Општина Велес – кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, со два крака: еден кон с. Иванковци и друг кон с. Крушје (мешана шума);

Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);

Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума);

Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни