Ова признание доаѓа како резултат на автентичната и инспиративна содржина што Весна ја споделува со својата публика – фокусирана на семејни патувања, викенд бегства и откривање на уникатни дестинации низ Македонија и светот.
„Голема благодарност до организаторите на самитот, до мојата заедница која ме следи и поддржува, и до сите кои веруваат дека патувањето е начин на живот, не само хоби,“ изјави Весна на својот Инстаграм профил по добивањето на наградата.
„Оваа награда ми значи навистина многу, затоа што е признание за трудот и љубовта што ја вложувам во она што го правам. Почнав со блогот www.whisper-365.com од желба да ги документирам нашите семејни патувања и да ги инспирирам другите да излезат од секојдневието и да патуваат, без разлика дали е тоа блиску или далеку. Потоа повеќе се фокусирав на креирање содржини за Инстаграм @whisper.ves
Со текот на времето растев како блогер, постојано учам и се надградувам. А како што расте мојот Инстаграм профил и публиката која во најголем процент е од Македонија, расте и влијанието, но и одговорноста која ја имам пред таа публика“, потенцира Весна.

Изборот на инфленсери го направи хрватската агенција Hypefy, специјализирана за инфлуенсер маркетинг и аналитика.
По детална анализа на содржините на профилите, растот и влијанието кое го имале профилите во изминатите дванаесет месеци избрани се добитниците на награди од секоја земја.

Самитот за социјални медиуми во Сараево собра инфлуенсери, креатори и маркетинг експерти од Босна и Херцеговина, како и од останатитекои земји од регионот. Панелистите разговараа и го споделија своето искуство за трендовите во дигиталната комуникација, предизвиците со кои се соочуваат, како правилно да се користи вештачката интелигенција и ја прославија моќта на локалните гласови во глобалниот интернет-простор.