Вештачката интелигенција ќе ни креира содржини за Фејсбук и Инстаграм

Инстаграм тестира можност за корисниците да може да си креираат нова профилна слика со помош на вештачка интелигенција, додека можностите на вештачката интелигенција на Фејсбук одат чекор понатаму.

На технолошките форуми се појавија фотографии од тест мени на Инстаграм, на кое се гледа можноста за креирање на профилна слика со вештачка интелигенција.

Се уште не е познато кога ваквата можност ќе биде достапна за корисниците, ниту дали ќе има некакви ограничувања.

Слични новини ќе добијат и Фејсбук и WhatsApp, односно забележано е слично мени и на овие социјални мрежи.

Но, вклучувањето на вештачката интелигенција во платформите на Мета не запира тука. Според Social Media Today, Фејсбук исто така тестира и можност за креирање на објави со вештачка интелигенција. Вие ќе можете да му зададете насоки на ботот базиран на вештачка интелигенција, а тој наместо вас ќе креира текст кој ќе може да го споделите со вашите пријатели.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни