Псалти на AI Tech Summit во Скопје презентираше како вештачката интелигенција ја обликува иднината на бизнисот и технологијата, а за Трн.мк вели дека вештачката интелигенција ќе биде дел од нашите животи, но дека ќе мора да се приспособиме и да го промениме начинот на кој ги правиме работите.
„Гледам дека има луѓе од двете страни и веројатно многу на средина. Постои една група, која е all-in. Тие го гледаат ова како нивна професија и се мотивирани да се вклучат како data scientist или developer, што е супер. Исто така ги имаме и бизнис лидерите кои го гледаат ова како начин за да направат исчекор и да го трансформираат нивниот бизнис да биде покомпетитивен, поагилен, да се грижи повеќе за клиентите. И потоа ги имате луѓето кои блокираат, луѓето кои велат дека ќе ни ги укради податоците, дека ќе станеме ирелевантни, дека ќе ни ги земе работните места. И двете групи се во право“ вели Псалти.
Таа додава дека моќта на вештачката интелигенција во средината, дека, да, некои работи ќе бидат елиминирани, но и дека ќе бидат креирани многу нови работни места.
„Зошто да не ги ослободиме луѓето да го прават тоа во што се најдобри, навистина да ги развиеме и ослободиме нивното критичко размислување и креативност. Луѓето се навистина добри во тоа, не во повторливи задачи. ВИ може да го работи тоа“ вели Псалти.