На Балканот, оваа идеја сè уште звучи како нешто што ќе стане реалност дури по една деценија. Се верува повеќе на искуството на соседот, проверени контакти од туристички агенции или на старомодното читање форуми. Она што AI сè уште не го знае е дали ќе се чувствувате како навистина да сте „побегнале некаде“ или само сте отпатувале.
AI како туристички водич за одмор по ваша мерка
Постојат апликации и платформи како Google Travel, Expedia, па дури и ChatGPT, кои нудат персонализирани предлози за дестинации, планови за патување и сместување – и тоа побрзо од рачното пребарување. На глобално ниво, AI сè повеќе се користи како алатка за планирање одмори по мерка, но кај нас сè уште не е прв избор.
И токму тука вештачката интелигенција може да се користи како дополнителен филтер – не како замена за човековото искуство, туку како помошник кој ќе ви заштеди часови пребарување и ќе понуди некоја идеја на која самите не би се сетиле.
Сепак, многумина се двоумат да ѝ препуштат на технологијата нешто толку лично и опуштено како одмор. Тука лежи и главниот отпор – во стравот дека технологијата ќе го „украде“ она што одморот го прави посебен: спонтаноста, емоциите, чувството дека сте некаде затоа што самите сте го избрале, а не затоа што некој алгоритам пресметал дека е тоа најдобро за вас.