Вештачката интелигенција влегува во крај на „златната ера“: Бесплатните модели исчезнуваат, доаѓа поскапување на AI алатките

Компаниите како Anthropic, OpenAI и Google веќе воведуваат ограничувања и повисоки цени за корситење на моделите

Влегуваме во крајот на „златното доба“ на вештачката интелигенција, период во кој напредните AI алатки беа достапни по ниска цена или дури бесплатно. Според анализата на авторот Драго Галиќ, одлуката на компанијата Anthropic да ги ограничи злоупотребите на алатки како OpenClaw е само почеток на поширок тренд во индустријата.

Денес, комерцијалните AI сервиси за почетници веќе чинат меѓу 10 и 20 долари месечно, и тоа со ограничени можности. Меѓу нив се GitHub Copilot, ChatGPT Plus, Claude Pro, Cursor Pro и Gemini Advanced, кои нудат различни нивоа на напредни функции – од пишување код до генерирање слики и интеграции со други алатки.

Сепак, ниту еден од овие пакети не нуди неограничено користење на автономни AI агенти – токму тоа што претставува најголем финансиски ризик за компаниите. Како што објаснува анализата, просечен корисник троши само мал дел од претплатата, додека „моќните корисници“ или автономните агенти можат да генерираат трошоци кои се десетици или стотици пати поголеми од цената на претплатата.

Во пример наведен во Business Insider, еден корисник со претплата од 200 долари месечно генерирал серверски трошоци од над 36.000 долари, што го открива проблемот на неодржливиот економски модел на AI индустријата.

Авторот предупредува дека сегашниот модел на вештачка интелигенција е поставен на нестабилни основи – бидејќи повеќето корисници не ја користат технологијата доволно интензивно, додека мал број напредни корисници ја оптоваруваат инфраструктурата.

Дополнително, и бесплатните и локалните AI модели најчесто се субвенционирани – било како маркетинг, било за собирање податоци – но и тој период постепено завршува.

Како пример за напредокот, авторот прикажува два различни резултати од ист prompt за изработка на HTML апликација за визуализација на алгоритам за сортирање. Напредниот модел создава целосно дизајнирана, интерактивна апликација со 3D копчиња, анимации и напредна логика за контрола на процесот.

Ова, според анализата, покажува колку брзо напредува вештачката интелигенција – но и колку брзо се менува економијата зад неа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни