Вештачката интелигенција не е револуција, туку еволуција

Барт Винман од KPMG минатиот месец говореше на AI Tech Summit во Скопје за тоа како може да се постигне успех користејќи ја вештачката интелигенција, а за Трн.мк објаснува како таа ќе влијае врз иднината.

„Вештачката интелигенција не е револуција, туку еволуција“ вели Винман за Трн.мк и додава дека таа започнала пред еден век, а сега само се забрзува.

„Тоа е следната фаза во дигитализацијата, следната фаза во оптимизацијата. Но, треба да ја третираме како револуција“ вели Винман.

Според него не постои опасност дека човештвото заостанува и неспремно ја дочекува вештачката интелигенција, бидејќи се уште можеме да се држиме и да одлучуваме што сакаме да правиме.

Во врска со опасноста вештачката интелигенција да ги земе работните места од луѓето, Винман е од групата на луѓе кои позитивно гледаат на промените и вели дека работните места нема да исчезнат, туку дека ќе се променат.

„Треба да се оспособиме и да се прилагодиме на тоа што ни доаѓа, наместо да мислиме дека ќе ни ги земе работните места“ вели Винман.

Според него, потребна е поголема едукација за вештачката интелигенција и вклучување на новата технологија во образовните процеси.

„Универзитетите треба да ја усвојат вештачката интелигенција. Да ги научиме луѓето да користат вештачка интелигенција за да напишат тези за истражување, со тоа што ќе го промениме начинот на кој треба да гледаме на вештачката интелигенција“ вели Винман.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни