Тој на AI Tech Summit во Скопје зборуваше за Потребата од континуирано учење за да се адаптира вештачката интелигенција во телекомуникацискиот сектор, а за Трн.мк вели дека генеративната вештачка интелигенција ја забрзува револуцијата во нашите животи.
„Мислам дека е дел од нашиот живот. Треба само да разбереме како да се справиме со тоа и како да ги зголемиме шансите да си го направиме животот подобар и полесен на контролиран, одговорен начин. Од деловна перспектива, тоа навистина отвора многу можности“ вели Лахјани.
Според него со вештачкате интелигенција луѓето ќе можат своите задачи да ги извршуваат побрзо и полесно со вештачката интелигенција. Зборувајќи за губењето на работни места, тој е оптимист, бидејќи, како што вели, авоматизацијата ќе замени одредени активности, но ќе отвори доста други можности.
Како што рече Лахјани за Трн.мк, за да биде успешна вештачкате интелигенција податоците со кои се храни мора да бидат добри и токму затоа улогата на човекот останува клучна.
„Не само што не можеме да ја одвоиме генеративната ВИ од самите податоци. Мораме да бидеме сигурни во квалитетот на податоците, да им веруваме на податоците кога тие доаѓаат, нивната корелација, она што се генерира“ вели Лахјани.