На технолошките форуми се појавија фотографии од тест мени на Инстаграм, на кое се гледа можноста за креирање на профилна слика со вештачка интелигенција.
Се уште не е познато кога ваквата можност ќе биде достапна за корисниците, ниту дали ќе има некакви ограничувања.
Слични новини ќе добијат и Фејсбук и WhatsApp, односно забележано е слично мени и на овие социјални мрежи.
Но, вклучувањето на вештачката интелигенција во платформите на Мета не запира тука. Според Social Media Today, Фејсбук исто така тестира и можност за креирање на објави со вештачка интелигенција. Вие ќе можете да му зададете насоки на ботот базиран на вештачка интелигенција, а тој наместо вас ќе креира текст кој ќе може да го споделите со вашите пријатели.