Вештачката интелигенција ќе го чисти пластичниот отпад создаден од луѓето

Речиси 2,24 милијарди тони цврст отпад се направени во 2020 година, покажуваат податоците на Светска банка. Велат дека таа бројка веројатно ќе порасне за речиси 73%, на околу 3,88 милијарди тони до 2050 година.

Пластиката е особено проблематична. Од почетокот на масовното производство на овој материјал во 50-тите години на минатиот век до 2015 година беа произведени над 8,3 милијарди тони пластичен отпад, покажаа истражувањата на универзитети од Џорџија и од Калифорнија.

Британскиот старт-ап Greyparrot креираше систем кој користи вештачка интелигенција, а е дизајниран за ги анализира фабриките за преработка и рециклирање на отпад. Greyparrot поставува камери над подвижните ленти на околу 50локации за отпад и рециклирање во Европа, користејќи софтвер со вештачка интелигенција да анализира што се случува во реално време.

Системите на Greyparrot сега следат 32 милијарди отпадни објекти годишно, а компанијата направи огромна дигитална мапа на отпадот. Овие информации може да ги користат управувачите со отпад за да станат оперативни и ефикасни, но може и да ги шират. Тоа на регулаторите им овозможува подобро да разберат што се случува со материјалите, кои материјали се проблематични, а влијае и на дизајнот на амбалажата.

Зборуваме за климатските промени и управувањето со отпадот како посебни проблеми, но тие се меѓусебно поврзани затоа што користиме ресурси кои не ги обновуваме. Ако имаме построги правила кои го менуваат начинот на кој консумираме и како ја дизајнираме амбалажата, тоа би имало големо влијание на синџирот на вредности и начинот на кој ги користиме ресурсите.

Извор: bizlife.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни