Вештачката интелигенција ќе биде насекаде и ќе наметне предизвици

Највозбудливото нешто за вештачката интелигенција е тоа што никој навистина не знае како ќе се развива, гледаме само трендови. Но најважно е што таа ќе биде насекаде, вели Малте Фрилус од Амазон во интервјуто за „Трн.мк“.

Тој на AI Tech Summit во Скопје зборуваше а регулаторните рамки за вештачка интелигенција со својата сесија на тема Политика и иновации за вештачка интелигенција, а за Трн.мк се осврна на предизвиците со ВИ во следните години.

Фрилус рече дека вештачката интелигенција ќе даде додадена вредност за многу работи, но и ќе отвори предизвици, поради што треба да се работи на тие проблеми.

Според него не секогаш се потребни нови закони за регулирање на вештачката интелигенција, бидејќи многу одредби и закони кои сега постојат ги опфаќаат темите поврзани со вештачкате интелигенција.

Во интервјуто за Трн.мк, Фрилус истакнува дека вештачкта интелигенција ќе влијае на работните места и ќе ги промени профилите на тоа што и како работиме, но ќе отвори и големи можности.

„Веројатно би предложил да се гледа позитивно на оваа технологија, како да се користи за да се подобри безбедноста, ефикасноста“ истакнува тој и додава дека клучно ќе биде унапредувањето на вештините на работниците.

„Тоа е нешто каде што сите ние треба да инвестираме  – политиката, економиите. Ние го правиме тоа како Амазон, бидејќи тоа во суштина е една од клучните состојки од која сите ќе имаат корист од вештачката интелигенција“ потенцираше Фрулус.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни