Како вештачката интелигенција помага во откривање на срцеви заболувања кај луѓе без симптоми?

Алатката ги прегледува медицинските документи за знаци кои укажуваат на ризик од развој на атријална фибрилација.

Нова алатка за вештачка интелигенција во Обединетото Кралство открива срцеви заболувања кај луѓе пред да се појават симптомите, јавува германската новинска агенција ДПА.

Алатката ги прегледува медицинските документи за знаци кои укажуваат на ризик од развој на атријална фибрилација.

Еден поранешен полицаец, кој учествувал во тестирањето на алатот, изјавил дека е „навистина благодарен“ што била откриена неговата атријална фибрилација. Џон Пенгели изјавил дека сега му се потребни само „неколку таблетки дневно“ за да го намали зголемениот ризик од потенцијално фатален мозочен удар.

Атријалната фибрилација е состојба во која отчукувањата на срцето се неправилни и често многу брзи, што доведува до зголемен ризик од мозочен удар.

Кај некои луѓе може да предизвика чукање на срцето, вртоглавица, отежнато дишење и чувство на замор. Меѓутоа, други немаат симптоми и не се свесни дека нивните откуци на срцето се неправилни.

Околу 1,6 милиони луѓе низ Велика Британија имаат дијагноза на атријална фибрилација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни