Версајската палата во Франција објави партнерство со компанијата OpenAI и францускиот стартап Ask Mona, со цел да се „озвучат“ околу 20 градинарски статуи со помош на вештачка интелигенција, како алтернатива на традиционалните аудио водичи.
Посетителите ќе можат да скенираат QR код до една од 20-те статуи и да доживеат интерактивно искуство на англиски, шпански или француски јазик. Целта на овој проект е да се вклопи модерната вештачка интелигенција во легендарен замок од 17 век.

„Версајскиот дворец моментално тестира вештачка интелигенција, чии огромни можности значително ќе ја збогатат посетата“, рече директорот на музејот и замокот, Кристоф Лерибо.
Оваа знаменитост годишно прима околу осум милиони посетители. OpenAI и Ask Mona веруваат дека ова е одлична можност да ја претстават својата технологија на светски позната локација.

„Без разлика дали сте експерт за културно наследство, музејски куратор или првпат шетате по градините на Версај – тука има по нешто за секого“, рече Џули Ловет, раководител на европските партнерства во OpenAI.