Вештачка интелигенција го предвиде победникот на Евровизија 2023

Обложувалниците побараа од вештачката интелигенција ChatGPT да ги анализира фаворитите за победа на финалето на Евровизија 2023. Победата се предвидува за фаворитот, шведската претставничка Лорин.

Ова е прогнозата на вештачка интелигенција на ChatGPT за финалето на Евровизија:

„Евровизија 2023 се одржа на 13 мај. Вечерта беше динамична, исполнета со сензационални настапи и жестока конкуренција. По возбудливиот натпревар, победник беше песната од Шведска. Шведската натпреварувачка со нејзиниот исклучителен глас, хипнотизирачка изведба и комбинацијата на модерни и традиционални музички елемент ги освои срцата и на судиите и на публиката. Со неверојатни 298 поени обезбедија заслужена победа“, напиша AI.

„Домаќините, претставниците од Обединетото Кралство, исто така, имаа извонреден настап. Обединетото Кралство постигна импресивни 275 поени и заврши во првите пет. Песната беше со длабоко значење, отпеана со моќен вокал и интересна мелодија и во неа се препознаа гледачите ширум Европа. Украина имаше моќна песна исполнета со многу емоции. Со нивниот настап и трогателниот вокал освоија 315 поени и завршија во првите три. Украина покажа уникатна комбинација на модерни и традиционални елементи и на публиката ѝ овозможи незаборавно искуство”, додала Al

Треба да се земе предвид дека информациите дадени овде се целосно измислени и не ги претставуваат вистинските настани и резултати од финалето на Евровизија. Деталите се резултат на имагинација и креативност, пишува Betting Sites, а пренесува N1info.hr.

Кој ќе победи на Евровизија оваа година?
ChatGPT предвиде дека Шведска ќе победи на Евровизија по рекорден седми пат. Победа би значело дека Шведска, заедно со Ирска, ќе стане најуспешната земја во историјата на ова натпреварување со по седум победи.

Извор: N1info.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни