Вес Андерсон ќе добие награда на филмскиот фестивал во Венеција

Фото: ANGELA WEISS / AFP

Американскиот режисер Вес Андерсон ќе ја добие наградата „Glory to the Filmmaker“ на 80. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, објави специјализираниот портал Screen Daily.

Фестивалот во Венеција ќе трае од 30 август до 9 септември, а доделувањето на наградите ќе биде организирано на 1 септември, пред премиерата на неговиот најнов филм „Прекрасната приказна за Хенри Шугар“.

Наградата е посветена на личност која дала особено оригинален придонес во современата филмска индустрија.

Андерсон досега има режирано 11 филмови, од „Bottle Rocket“ од 1996 година до неодамнешниот  „Asteroid City“, чијашто премиера беше прикажана во Кан во мај.

Андерсон претходно се натпреваруваше за Златната палма со „The French Dispatch“ од 2021 година и „Moonrise Kingdom“ од 2012 година.

Иако никогаш немал премиера на филм во Венеција, тој дебитирал со четири филмови во Берлин, меѓу кои „The Grand Budapest Hotel“, кој ја освои големата награда на жирито „Сребрена мечка“ во 2014 година и „Isle Of Dogs“, кој ја освои Сребрената мечка за најдобар режисер за 2018 година.

Директорот на Венецискиот филмски фестивал Алберто Барбера изјави дека Вес Андерсон е еден од ретките режисери чиј уникатен и непогрешлив стил може да се препознае само од еден кадар.

„Од незаборавни и трогателни саундтракови до екстравагантни костими кои ја отсликуваат психата на ликовите, секој детаљ и композиција на секој кадар е макотрпно обмислен и маестрално изведен“, истакна Барбера.

Извор: N1

Најново

Последни колумни