Вертиго Гастарбајтери победници на државната едриличарска регата „Славе Герасимовски“ 2025

Екипата на едриличарскиот клуб „Нов Ветер“ со скипер Марко Георгиев победи на 8. меморијална регата во Споради, Грција, во рамки на Државното првенство на Македонија во едрење – класа Крузери.

Екипата на Вертиго Гастарбајтери, член на едриличарскиот клуб Нов Ветер е победник на осмата регата на Државното превенство  на Македонија во едрење, класа Крузери, – Меморијал Славе Герасимовски, што се реализира во Споради, Грција,  изминатите седум дена.

На регатата учествуваа 15 екипи кои се натпреваруваа две трки.

Со златните медали се закитија: скиперот – Марко Георгиев, коскиперот – Горан Станков, Влатко Милев , Александар Ѓорѓевиќ – Ѓока,  Александар Николовски, Игор Кралев, Бобан Попандонов, Владимир Милановиќ, Драган Антоновски и Оливер Манев.

„Македонија нема море но има ентузијасти кои со визија и посветеност ја ставија на европската мапа во едриличарски спортови, а големото присуство на оваа осма регата потврдува дека едриличарството е спорт кој освојува на прв поглед“, нагласи претседателот на  клубот Љупчо  Николовски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни