Верижен судир кај Петровец: маглата го парализира влезот во Скопје

Попладневните часови донесоа сериозни проблеми во сообраќајот на влезот во Скопје, откако веднаш по наплатната рампа кај Петровец се случи верижна сообраќајна незгода во која учествувале повеќе возила.

Според сведоштва на граѓани објавени на социјалните мрежи, густата магла драстично ја намалила видливоста, што придонело за судирот и за дополнително забавување на сообраќајот во овој дел од автопатот. Возилата се движат отежнато, а се создадоа и подолги колони.

На местото на настанот интервенираат полициски екипи кои вршат увид и го регулираат сообраќајот. Засега нема официјални информации за повредени лица, а надлежните најавуваат дека повеќе детали за причините и последиците од несреќата ќе бидат соопштени по завршување на увидот.

Од МВР и од возачите кои се затекнале на терен апелираат до учесниците во сообраќајот да возат со намалена брзина, да држат поголемо растојание и целосно да ја прилагодат вожњата на условите со намалена видливост поради маглата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни