Венс: Трамп ѝ нареди на американската делегација да го запре „убивањето“ во Украина

JD Венс изјави дека Трамп ѝ наредил на американската делегација да го запре „убивањето“ во Украина. Нови мировни преговори меѓу САД и Украина се очекуваат во Женева.

Американскиот претседател Фоналд Трамп ѝ наложил на американската преговарачка делегација да вложи максимални напори за запирање на војната во Украина, изјави потпретседателот на Соединетите Американски Држави ЈД Венс

„Претседателот Трамп му наложи на целиот тим, почнувајќи од државниот секретар Марко Рубио па натаму, да се обиде да го запре убивањето. Тоа е исклучително тешко“, изјави Венс, додавајќи дека Вашингтон води „многу промислени преговори“ и со Русија и со Украина.

Според него, и двете страни имаат јасни „црвени линии“, што го прави процесот комплексен. Венс призна дека завршувањето на војната е „многу потешко“ отколку што Трамп првично очекувал, но нагласи дека има одреден напредок.

„Мислам дека напредуваме и со Русите и со Украинците. Ќе продолжиме да работиме на крајот или ќе успееме или нема“, порача тој.

Нови преговори во Женева

Украинскиот претседател Волдомир Зеленски најави дека украинска економска делегација, предводена од секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров, ќе отпатува во Женева на разговори со американската страна.

Средбата со американските пратеници Стив Виткоф и Џеред Кушнер е закажана за утре, а покрај прашањето за прекин на војната ќе се разговара и за економска соработка меѓу Украина и САД.

Зеленски соопшти дека разговарал со Трамп за темите што ќе бидат на дневен ред, како и за подготовките за следната рунда разговори во проширен, трилатерален формат на почетокот на март.

„Очекуваме оваа средба да создаде услови разговорите да се подигнат на ниво на лидери“, напиша Зеленски на социјалната мрежа X.

Можно ново разменување заробеници

Шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, изјави дека нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД може да се одржи кон крајот на неделата. Тој најави и можност за нова, потенцијално поголема размена на воени заробеници, по претходната во која беа разменети 157 лица.

Претходната рунда разговори се одржа во Женева на 17 и 18 февруари, а Киев изрази надеж дека следната средба би можела да биде „навистина продуктивна“.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни