Велика Британија најавува забрана за социјални мрежи за лица под 16 години

Владата планира ограничувања за апликации и четботови и построги правила за содржина според Законот за безбедност на интернет

Велика Британија во текот на оваа година би можела да воведе забрана за пристап до социјални мрежи за лица помлади од 16 години, се наведува во соопштение од Кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер.

Според најавите, мерките би можеле да стапат на сила веќе ова лето и ќе се однесуваат не само на социјалните мрежи, туку и на четботови и други дигитални апликации. Дополнително, се предвидува ограничување на времето што децата можат да го поминуваат користејќи одредени платформи.

Британската влада планира да ја затвори, како што наведува, правната „сива зона“ и да ги обврзе сите даватели на услуги поврзани со вештачка интелигенција да ги почитуваат одредбите од Законот за безбедност на интернет. Тоа вклучува обврска за отстранување незаконита содржина.

Премиерот Кир Стармер изјави дека предложените измени на Законот за безбедност на интернет ќе придонесат за заштита на добросостојбата на децата и ќе им помогнат на родителите полесно да се справат со предизвиците на дигиталната средина.

Доколку мерките бидат усвоени, тие би можеле да стапат во сила во текот на летото, а платформите и давателите на услуги ќе треба да ги усогласат своите политики со новите законски обврски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни