Велика Британија воведе нови санкции против руски нафтени компании и милијардерот Лакани

Велика Британија воведе нов пакет санкции против 24 поединци и компании, меѓу кои руски нафтени фирми и милијардерот Муртаза Лакани, со цел дополнително да ја ограничи руската трговија со нафта

Велика Британија денес воведе нови санкции против вкупно 24 поединци и правни лица, меѓу кои и руските нафтени компании Татнефт, Руснефт, ННК-Оил и Руснефтгаз, кои досега не беа опфатени со санкции, како и против канадско-пакистанскиот милијардер Муртаза Лакани.

Најновите мерки имаат за цел дополнително да ѝ ја отежнат на Русија глобалната трговија со нафта, пренесува Ројтерс.

Денешниот пакет санкции го опфаќа и Лакани, кој претходно оваа недела беше санкциониран и од страна на Европската унија, како и неговите компании, за кои британската влада тврди дека од 2022 година станале меѓу најголемите трговци со руска нафта.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни