Велика Британија планира забрана за социјални мрежи за деца под 16 години – AI и сигурноста во фокусот

Британија подготвува забрана за користење на социјални мрежи за деца под 16 години, по примерот на Австралија, со цел заштита на безбедноста на младите и регулирање на AI chatbot-овите кои сè уште не се покриени со законот.

Велика Британија би можела веќе оваа година да воведе забрана за користење на социјални мрежи за деца помлади од 16 години, по примерот на Австралија, со цел затворање на законски „рупи“ кои ги оставаат AI chatbot-овите надвор од правилата за безбедност.

Австралија во декември минатата година стана првата земја што забрани социјални мрежи за деца под 16 години, блокирајќи ги платформите како TikTok, YouTube, Instagram и Facebook, а нејзиниот пример го следат и други земји.

Забраните се воведуваат поради растечката загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз здравјето и безбедноста на децата. Владата на премиерот Стармер започна консултации минатиот месец за ограничување на пристапот за деца под 16 години и работи на измена на законодавството што треба да се имплементира во рок од неколку месеци.

Иако платформите наведуваат дека корисниците треба да имаат најмалку 13 години за регистрација, официјални податоци покажуваат дека голем број деца под 13 години сепак користат социјални мрежи.

AI чатботови и законската „рупа“

Британскиот Закон за онлајн безбедност од 2023 година е еден од најстрогите во светот, но не ги опфаќа интеракциите „еден на еден“ со AI chatbot-овите освен ако тие не споделуваат информации со други корисници. Министерката за технологија, Лиз Кендал, изјави дека оваа „рупа“ наскоро треба да се затвори.

„Загрижена сум поради AI chatbot-овите, како и премиерот, поради влијанието што го имаат врз децата и младите“, рече Кендал за Times Radio. Таа додаде дека владата ќе ги изнесе своите предлози пред јуни, а технологиските компании ќе бидат одговорни за усогласување со британскиот закон.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни