Велика Британија набавува 12 авиони F-35A кои можат да носат нуклеарно оружје

Британската влада изјави дека купувањето на авионите ќе ѝ овозможи да придонесе во НАТО со таканаречени авиони со двојна способност

Владата на Велика Британија објави дека ќе купи 12 борбени авиони F-35A способни да истрелаат тактичко нуклеарно оружје, опишувајќи го како најголемо зголемување на сопственото нуклеарно одвраќање во една генерација.

Според Лондон, купувањето на вакви авиони од компанијата „Локид Мартин“ би можело да им овозможи на британските воздухопловни сили да носат нуклеарно оружје за прв пат од Студената војна, пренесуваат британските медиуми.

-Во ерата на радикална несигурност, повеќе не можеме да го земаме мирот здраво за готово, поради што мојата влада инвестира во нашата национална безбедност, рече британскиот премиер Кир Стармер во соопштение објавено синоќа.

Британската влада изјави дека купувањето на авионите ќе ѝ овозможи да придонесе во НАТО со таканаречени авиони со двојна способност за носење нуклеарно оружје во случај на конфликт.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека „ова е уште еден силен британски придонес во НАТО“.

Британското нуклеарно одвраќање во моментов се потпира исклучиво на подморничкиот систем „Трајдент“, што потфрли за време на тестирањето минатата година.

Тактичкото нуклеарно оружје е наменето за употреба на бојното поле, за разлика од стратешкото нуклеарно оружје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни