Ова монументално остварување повеќе од два века ја фасцинира и инспирира публиката ширум светот и се смета за едно од најзначајните и најизведувани дела во светската музичка литература. Секоја нота од „Реквием“ го носи печатот на Моцарт и ја потврдува неговата вечна музичка величина.
Големата сцена на Македонската опера и балет на 3 октомври во 20:00 часот ќе оживее со енергијата на маестро Џанлука Мартиненги и магијата на солистите:
- Биљана Јосифов
- Николина Јаневска
- Јане Дунимаглоски
- Владимир Саздовски
Придружени од хорот и оркестарот при МОБ, тие ќе го донесат незаборавниот звук на Моцарт до публиката.
Резервирајте го своето место уште денес, бројот е ограничен: https://t.ly/RequiemMozart031025
За целиот репертоар за месец октомври, погледнете го тука: https://operabalet.mk/events/list/
За навремени информации, потсетници и ексклузивни содржини, ве покануваме да се приклучите на нашиот бесплатен Viber канал:
https://t.ly/MOBViber