Велешките ученици дадоа шанса на стрип инклузијата

Стрип центарот на Македонија од Велес ги изложи најдобрите дела од наградниот стрип конкурс во рамките на нивниот проект „All we are saying is give inclusion a chance“. Втората изложба во рамките на овој грант беше организирана вчера во Општинското основно училиште „Васил Главинов“ во Велес.

Покрај изложбата, Стрип центарот додели и дипломи и сертификати за учество на учениците, нивните ментори, како и училиштата од Велес: ООУ „Васил Главинов“, ООУ „Блаже Конески “ и ООУ„Свети Кирил и Методиј“ .Традиционално, беше промовиран и каталогот каде што се објавени стриповите, со претставување на самите автори, нивните училишта и ментори.

На наградниот конрус учествуваа 263 млади автори од различни етнички и географски средини од целата држава. Воено, учесниците од овој конкурс учествуваа и на неколкудневна стрип работилница во Нежилово, каде што ги усовршија и доработија своите стрип дела.

Изложбата е втора од пет планирани во рамките на грантот, кој е дел од вториот  отворен повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Најново

Последни колумни