Велешкиот театар со настап на Меѓународниот фестивал на малите и експериментални сцени во Сараево, МЕСС.

Претставата „Едвард Втори” е копродукција меѓу велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и Драмскиот театар од Пловдив, Бугарија.

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константиов Џинот“ со претставата Едвард Втори беше дел од 64. Меѓународниот фестивал на малите и експериментални сцени во Сараево, МЕСС во неделата на 6 октомври.

Фестивалот се одржува на сцената на Народното позориште Сараево.

Претставата „Едвард Втори” е копродукција меѓу велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и Драмскиот театар од Пловдив, Бугарија.

Во претставата играат: Борис Крстев и Илин Јовановски, Јована Миладинова, Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Бранко Михајлоски, Кире Ацевски, Никола Петковиќ, Сандра Танчева, Марија Баркова, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски и Тодор Стојковски. Сценографијата е на Андриј Жолдак и Даниел Жолдак, а костимите се на Симон Мачабели и Раде Василев.

Во официјалната програма на фестивалот се 11 претстави, три од БиХ и осум од светот, Италија, Франција, Либан, Албанија, Хрватска, три се копродукции: швајцарско-палестинска, македонско-бугарска и српско-словенечка.

МЕСС е најстариот театарски фестивал во југоисточна Европа, на кој до сега учествувале имиња како Питер Брук, Роберт Вилсон, Еуџенио Барба, Одкарас Коршуновас, Франк Касторф, Томас Остермаер, Силвиу Пуркарете, Јиржи Менцл, Ромео Кастелучи, Кејти Мичел и други режисери.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни