Велес во октомври ќе живее во ритамот на џезот

Музичките, поетски и театарски перформанси и концерти ќе се одржат на различни локации во градот, Спомен Костурницата, Јуроп хаус, Ликовен салон, театар Џинот

Третото издание на Фестивалот на џез, ворлд и современа музика започнува од недела, 29 септември и ќе трае до крајот на октомври.

Фестивалот ќе содржи бројни настапи и перформанси на уметници од земјава и од странство, но и на светски познати бендови и изведувачи.

Фестивалот на џез, ворлд и современа музика ќе се состои од различни музички, поетски и театарски перформанси и концерти кои ќе се одржат на различни локации во градот, Спомен Костурницата, Јуроп хаус, Ликовен салон, театар Џинот.

Културната манифестација е во организација на Здружението за култура, уметност и млади „Арт Генератор во соработка со Општина Велес.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни