Вејпањето веројатно предизвикува рак и други сериозни заболувања, заклучиле австралиски научници во едно од најдеталните досега истражувања, повикувајќи ги регулаторите да реагираат веднаш.
Истражувачите откриле рани предупредувачки знаци поврзани со ризик од рак, вклучувајќи оштетување на ДНК и воспалителни процеси во организмот.
Што покажува истражувањето?
Тим научници предводени од University of New South Wales анализирал студии на животни, случаи кај луѓе и лабораториски истражувања (2017–2025)
Резултатите, објавени во Carcinogenesis, покажуваат дека вејпањето е поврзано со преканцерогени промени во телото. Коавторот Bernard Stewart изјави дека нема сомнеж оти клетките и ткивата се менуваат по вдишување на пареата од е-цигарите.
Потешко е да се измери ризикот
Многу корисници на е-цигари истовремено и пушат, што го отежнува утврдувањето на точниот ризик.
Сепак забележани се случаи на рак кај лица што никогаш не пушеле, туку само вејпале и студии на животни покажуваат поголема појава на тумори
„Вејпањето веројатно предизвикува рак, но сè уште не знаеме колкав е точниот ризик“, велат истражувачите.
„Ризикуваме да ја повториме истата грешка како со пушењето“
Главниот автор Фреди Стасас потсети дека биле потребни децении за официјално да се признае дека пушењето предизвикува рак.
Calvin Cochran предупреди: „Ако ги игнорираме овие рани сигнали, ризикуваме да ја повториме истата историја.“
Истражувачите нагласуваат дека вејпањето не е безбедна замена за пушење и особено е ризично за млади кои никогаш не пушеле.
„Во безбедносна смисла, вејпањето не е алтернатива – тоа е ризик само по себе“, велат научниците.
Некои експерти, како Стефа Дафи од Queen Mary University of London, сметаат дека е прерано да се изедначи вејпањето со пушењето.
Но други, како Беки Фриман од University of Sydney, велат дека доказите јасно покажуваат зголемен ризик.
Сè повеќе докази укажуваат дека вејпањето може да има сериозни здравствени последици, вклучувајќи рак. Научниците бараат итна регулација – особено за заштита на младите.
Извор / The Guardian