Научникот и вонреден професор на Медицинскито центар на Универзитетот Лангон во Њујорк, Сем Парние, вели дека има докази кои го потврдуваат постоењето на задгробен живот, пишува Дејли мејл.
Парние, 30 години ги анализирал клинички мртвите пациенти на кои за кратко време им застанало срцето, а потоа успешно оживеало. Тој вели дека поголемиот број од овие пациенти изјавиле дека го живееле секој момент од животот и дека повеќето од нив опишале оти доживеале спомени, не само од своја перспектива, туку и „преку очите на другите луѓе“.
Ваквиот феномен научникот го опишува како „рана фаза на смртта“, а преку истражување се обидел да открие каде завршува животот, а каде започнува смртта.
„Го проучував ова на илјадници луѓе, користејќи многу различни научни методи. Неверојатно, но пациентите велат дека во тој момент минуваат низ ново искуство. Чувствуваат дека нивната свест станува полуцидна и се обидуваат да соберат информации за тоа што се случува додека лекарите и медицинските сестри се обидуваат да ги оживеат“, пишува британскиот таблоид.
Парние објаснува дека во ваквата состојба тие го преживуваат секој момент од својот живот и интеракциите што ги имале со другите, од своја и од туѓа перспектива.
„На пример, ако повредат некого, ја доживуваат потполно истата болка како таа личност. Ако направиле нешто што предизвикало среќа кај другите, тие ги доживуваат своите позитивни емоции“, вели Парнија за Дејли Меил.
Со години, анализите покажуваат дека човечкиот мозок продолжува да функционира нормално за кратко време, иако срцето застанало. Исто така, докажано е дека мозокот може да има спорадични изливи на активност дури и по еден час без кислород.
„Ништо од ова не е како што очекувавме да биде, не требаше да истражуваме што се случува по смртта. Одеднаш го оценувате целиот свој живот врз основа на призмата на моралот и етиката“, вели Парние за британскиот таблоид.
Иако мозочната активност по клиничката смрт сè уште се истражува, главното прашање меѓу експертите е зошто толку многу луѓе имаат слични искуства во ситуацијата.