Со претставата „Половина – Животот на Марија Кири“ од авторот Лаурен Гундерсон во изведба на театар Метропол од Тирана вечерва во Скопје завршува МТФ „Скупифестивал 2025“. Режисер на претставата е Армела Демај, а улогите ги толкуваат Уљка Мујо и Армела Демај.
Како што најавуваат организаторите, по нејзиното завршување се очекува жирито на 19-тата едиција на МТФ „Скупифестивал“ во состав Замира Кита, Сребра Ѓорѓијевска и актерот Адриан Азири, да ја прогласи најдобратата престава на фестивалот.
Вчера на програмата на „Скупифестивал“ имаше две претстави – перформансот „X“ од независниот театар Јалта Арт Рум од Софија, автор и режија Бојан Крачалов во интерпретација на Васил Дуев – Туиг, и претставата „Медеа“ од Еврипид во изведба на Народен театар „Иван Вазов“ Софија, во режија на познатиот британски режисер Деклан Донелан. Во претставата настапија Радина Карџилова, Велислав Павлов, Валентин Ганев, Асен Данков, Јавор Валканов, Стелиан Радев, Вера Табакова, Радена Валканова, Жорета Николова, Стефанија Колева, Елена Иванова, Надја Керанова, Ана Пападопулу и две деца актери.