Вечерва во МКЦ: Трибјут Фест со три големи трибјут бендови

Во МКЦ ќе се одржи Трибјут Фест – музичка вечер посветена на бесмртните хитови и магијата на живите свирки што ги обележале генерациите

Вечерва Скопје ќе пулсира во ритамот на легендите! Во култниот Младински културен центар, ќе се одржи Трибјут Фест – музичка вечер посветена на бесмртните хитови и магијата на живите свирки што ги обележале генерациите.

„Овој фестивал носи вистинска рок и поп носталгија преку настапи на одбрани трибјут бендови, кои со неверојатна енергија и почит ги оживуваат големите имиња од светската сцена. Подготвени сте за музичко патување низ времето?

Три бендови, три легендарни музички универзуми, една незаборавна ноќ! Вратите се отвораат во 19:15, затоа стигнете навреме и подгответе се за вечер исполнета со трепет, емоции и звук што ќе ве врати во златните години на рок сцената. Билетите веќе се достапни на Другастрана.мк“ велат организаторите,

Програма на Трибјут фест е следна:

  • 20:00 – THE DOORS трибјут од Eruption
  • 21:45 – PEARL JAM трибјут од Epidemik
  • 23:30 – PARAMORE трибјут од Red18

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни