Вечерва во Europe House во Скопје ќе се случи седмото издание на мултимедијалниот настан „Клинци“

Мултимедијалниот настан „Клинци“ е настан наменет за претставување на младинското културно творештво. До сега на „Клинци“ се имаат претставено над дваесетина млади книжевници и десетина уметници.

Вечерва во просториите на Europe House во Скопје со почеток од 20 часот ќе се одржи седмото издание на мултимедијалниот настан „Клинци“.

Во рамки на настанот публиката ќе има можност да проследи книжевно читање на кое ќе се претстават четворица млади автори и авторки, како и изложба од млада уметница.

На книжевното читање со своја поезија и проза ќе се претстават Андреј Анѓеловиќ, Павлина Атанасова, Милена Неделковска и Нино Наумовски. Изложбата која ќе биде поставена е на Евгенија Трајковска.

Модератор на „Клинци“ е младиот поет Андреј Медиќ Лазаревски, а настанот е во организација на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ – Скопје и Europe House Скопје.

Мултимедијалниот настан „Клинци“ е настан наменет за претставување на младинското културно творештво. До сега на „Клинци“ се имаат претставено над дваесетина млади книжевници и десетина уметници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни