Вечерва во Битола: DJ сет под ѕвездено небо – дел од Битола Отворен Град

Тројца диџеи, три стила, еден заеднички импулс: DJ Goce – жив ритам-архив од македонската хип-хоп историја Chvare – креатор на звучни светови надвор од формулите Double G – млад, гласен, храбар – звук што се шири.

Градот станува фестивал. Пациото станува подиум. Битола Отворен Град влегува во ноќен режим. По култниот зимски сет на Herzel во организација на МКЦ-Битола, пациото на Музејот повторно оживува – оваа вечер со летна енергија, аналоген звук и тројца мајстори зад пултот: DJ GOCE. CHVARE. DOUBLE G. настанот се одржува во Пациото на Музеј, Битола со почеток од 21:00 часот. Влезоте е слободен

Тројца диџеи, три стила, еден заеднички импулс: DJ Goce – жив ритам-архив од македонската хип-хоп историја Chvare – креатор на звучни светови надвор од формулите Double G – млад, гласен, храбар – звук што се шири.

Ова не е викенд-настан. Ова е дел од фестивал што 24 години ја раскажува алтернативната историја на еден град – преку музика, уметност и звук. МКЦ-Битола Ве кани на уште една фестивалска вечер што не познава сцена – затоа што цел град е сцена.
Фестивалот е поддржан од општина Битола и од бизнис секторот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни